„За жал, последниот меч го загуби со опасна болест, но неговата добрина и бодрост ќе продолжи да живее низ сите нас“ – Почина млад српски одбојкар

Одбојкарскиот клуб Лаки Стар од Белград соопшти дека Милутин Остојиќ почина по долга и тешка борба со опасна болест.

– Со голема болка и тага во нашите срца денеска се простивме од нашиот Милутин Остојиќ, млад дечко кој ги бранеше боите на нашиот клуб во претходните сезони!

Важеше за најрасположениот играч и секогаш со насмевка ги бодреше соиграчите.

Не се плашеше од ништо, се бореше и на теренот и надвор од него.

За жал, последниот меч го загуби со опасна болест, но неговата добрина и бодрост ќе продолжи да живее низ сите нас!-велат од клубот.

Неговиот тим претходната година се бореше во Втората лига „Центар“ и сезоната ја заврши на седмото место.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде