Пет членови на семејство се повредени во страшната сообраќајна несреќа која утрово се случи во близина на Љеш во Албанија

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава кај Љеш во Албанија, а повредени се пет членови на семејството кои се наоѓале во автомобил со српски регистарски таблички, јавува албанската ABC.

Несреќата се случила во раните утрински часови. Како што дознава белградски „Блиц“, семејството било на одмор во Албанија.

Нивниот автомобил удрил во насипот што ги дели коловозните ленти на државниот пат.

Три деца и брачен пар биле во автомобилот и сите се повредени, а мајката потешко.

Повредените се пренесени во болница.

Полицијата е на терен, а се сомнева дека брзината и влажниот коловоз предизвикале губење контрола над возилото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде