Во следниот период во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време. Исклучок ќе биде среда навечер, а особено четврток кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во четврток попладне локално ќе има услови за поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме).
Ќе дува ветер претежно од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Наутро ќе биде многу свежо, особено во среда кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од дури 5 до 16 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.
Максималните дневни температури исто така ќе бидат уште пониски, особено утре кога ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Потоа температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.
Позначителен пораст на максималните температури ќе има за време на викендот, но екстремно високи температури не се очекуваат и тие ќе се движат во интервалот од 29 до 36 степени.
Во Скопје исто така ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со свежи утра, како и со северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Во четврток во делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 16 степени. Максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 30 степени.
На повидок немаме екстремно топол бран, како и екстремно високи температури на воздухот. Напротив, за ноќните и за утринските часови ќе ни биде потребна дури и потоплата облека.