Лекарите на Ургентниот центар се борат за животот на младиот М.С.(22) кој синоќа во стан во Борча си пукал во глава.
Сведок на хоророт била неговата девојка.
Како што дознава „Телеграф.рс“, М.С. се скарал со девојка, а потоа отишол да земе пиштол и си пукал во глава.
За среќа, девојката не ја повредил.
Неофицијално, полицијата го пронашла пиштолот со кој младиот човек си пукал во глава.
Истрагата за овој случај е во тек.
Инспекторите извршиле разговор со девојката која била сведок на овој немил настан.