Пристигна убава вест: Семејството кое исчезна во Грција е живо и здраво, еве зошто не се јавувале три дена

Семејството од Јагодина кое исчезна на пат кон Грција и по кое се трага од вчера е добро. Тие се живи и здрави, објавија српските медиуми.

Семејството се наоѓа на Тасос, им пукнал екранот на телефонот на кој користат вибер, па не можеле да се јават.

Девојчето рече дека се е во ред и дека немаат интернет, но бабата тоа не го слушнала од родителите.

Пријавено е и во полиција овде во Грција. Кога ќе се слушнеме со родителите на девојчето, ќе објавиме нови информации – пишува на групата Грчка инфо.

Така е, добри се!
Информацијата дека семејството е добро ја потврдил за „Блиц“ братот на жената.

Така е, тие беа пронајдени, контактираа со мајка ми, не јас. Рекоа дека имале проблем со телефонот. Им благодариме на сите што помогнаа – изјави тој за „Блиц“.

За потсетување, едно семејство од Јагодина во неделата вечерта на 6 август замина на одмор со двете ќерки.

Границата со Македонија најверојатно ја поминале нешто по 22:00 часот на 6 август, а грчката граница на 7 август во 00:30 часот.

Последниот повик што го упатиле до своите најблиски дошол околу 22 часот и 30 минути во неделата, кога биле во близина на Прешево, во близина на границата со Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде