Со тешко срце ја споделуваме погубната вест за ненадејното и трагично заминување: Имаше само 14 години, почина младата инфлуенсерка Лил Теј

Инфлуенсерката Клер Ајлин Чи Хоуп, попозната како Лил Теј на социјалните медиуми, почина на 14-годишна возраст, пишува „Њујорк пост“.

Претставниците на рап-тинејџерката, која себеси се нарече „најмладата флексерка на векот“, ја објавија веста за нејзината смрт на Инстаграм.

„Со тешко срце ја споделуваме погубната вест за ненадејното и трагично заминување на нашата сакана Клер.

Немаме зборови да ја искажеме неподносливата загуба и неописливата болка. Овој исход беше сосема неочекуван и нѐ остави сите во шок“, се вели во објавата.

Во објавата се вели дека и нејзиниот брат, исто така, починал.

„Смртта на нејзиниот брат додава дополнителна длабочина на нашата тага“, велат нејзините претставници.

„Клер засекогаш ќе остане во нашите срца, нејзиното отсуство остава незаменлива празнина што ќе ја почувствуваат сите што ја познаваа и ја сакаа“, пишува на крајот од објавата.

Причината за нејзината смрт сѐ уште не е откриена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде