На 08.08.2023 во 21:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во тетовско Милетино,
мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Л.Н.(24) од Тетово, излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.