ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ВОЗАЧИ: Бидете крајно внимателни во овој период, сообраќајната полиција во засилена акција

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера сообраќајната полиција спровела засилена акциска контрола на територијата на целата земја при што изречени се 553 санкции за брзо возење.

Само во скопје изрешени се 203 казни, од кои 80 за брзо возење.

„Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 553 возачи.

Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 284 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 269 надвор од населено место“, соопшти МВР.

Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи Скопје  вчера на територија на градот изрекла  203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

„Изречени се три мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал црвено светло, шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за возење под дејство на алкохол“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде