Студениот бран кој го зафати целиот балкан, и донесе невообичаено ниски температури на воздухот, освен што донесе снежни врнежи во Алпскиот регион, тој донесе снежна бајка и на планинските врвови во соседна Бугарија, објави Славчо Попоски.
Снегот паѓаше на врвот “Мусала”, на планината Рила во Бугарија на надморска височина од 2925 метри.
Овој е највисокиот планински врв на Балканот.
Евен снегот, регионот беше погоден од силно невреме изминатиот период, а особено во Словенија невремето предизвика катастрофални поплави, а одзема и неколку човечки животи.
Од наша страна најавено беше дека ќе има големо заладување на времето, па и снег на високите места,
а во деновите пред нас очекуваме пораст на температурите и враќање на летото, сепак екстремно високи температури не се очекуваат.
Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски