Селекторот Благоја Милевски остана на клупата на македонската репрезентација по Собранието кое се одржа неодамна, но сега од соседството пристигнува информација дека Македонија ќе добие селектор од Црна Гора.
Според српските медиуми, 55-годишниот Миодраг Божовиќ ќе биде нашиот нов селектор.
Популарниот „Гроф“ во досегашната кариера работеше во многу клубови од Србија, Кипар, Црна Гора и Русија.
Македонија под водство на Милевски нема најдобри резултати, во квалификациите за ЕП 2024 одигравме три натпревари во кои едвај ја победивме Малта, изгубивме од Украина со 3:2 и бевме декласирани од Англија со 7:0.
Следниот натпревар на Македонија е против Италија на 9-ти септември додека три дена подоцна ќе и гостуваме на Малта.