Потресна објава на новинарката Симоновска: Замислете, да имате дете, едно единствено, 11 години го чувате и некоја пијана битанга да ви го собере со 70 на саат

„Држава на криминалци“ – вака новинарката Мирослава Симоновска ја коментира намалената пресуда на возачот кој пијан на пешачки во Велес пргеази 11-годишно девојче.

Нејзината објава на фејсбук е навистина потресна, а многумина велат дека овие зборови погодуваат директно во сржта на проблемот со судството кој, како што велат повеќето, не е од вчера. 

– Можете ли да си замислите да имате дете, едно единствено, мајката да ви се расплаче да го родите (ова само жените го знаат), да го засакате толку многу откако ќе го родите, да го мислите 11 години,

да одите на работа за него, да се смеете со него, да одите во училиште со него, да учите заедно, да си играте, за викенди да одите во парк на прошетки, да станувате со неговиот плач ноќе додека е бебе, да не спиете кога е болно,

да го пратите еден ден во училиште и некоја пијана битанга да ви го собере со 70 на саат и да ви го остави на место и после некои пет души што демек ги плаќате вие со дебели, мрсни плати да ви се потсмеваат на вашата болка,

на вашиот мајчински и татковски бес и така, така цинично да ви дотураат сол на раната и да го остават пијандурата да се жени и да добие возачка дозвола, додека вашето дете никогаш нема да се омажи и да земе возачка?!

Кога мислам овие да има правда овде?! Држава на криминалци? – напиша новинарката Симоновска. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде