Познат прилепски бизнисмен е една од двете жртви во сообраќајната несреќа во Росоман

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман.

Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош  во Кавадарци.  

– Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи.

Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков. 

Смртта кај двете лица била констатирана на лице место. 

Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.

Според неофицијални информации, познат прилепски бизнисмен е една од жртвите во сообраќајната несреќа што утрово се случи кај Камен Дол, пренесува stanica.mk. 

Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде