Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди источна Турција, соопшти веб-страницата ЕМСЦ.
Според податоците на EMSC, епицентарот на земјотресот е на десет километри од градот Малатија, кој исто така беше тешко погоден од земјотресот што во февруари годинава го погоди истокот на оваа земја и Сирија.
Од друга страна, според информациите на турскиот АФАД, земјотресот бил со јачина од 5,3 степени, а се случил вечерва во 20 часот и 48 минути, на длабочина од 7 километри од земјата.
Градоначалникот на Малатија Селахатин Гуркан зборуваше за Си-Ен-Ен Турк, кој потврди дека земјотресот бил силен, а оваа општина синоќа ја погодил уште еден земјотрес, со јачина од 4,3 степени.
Граѓаните во паника ги напуштаат своите домови.
Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.
Deprem sonrası Malatya. #deprem #malatya pic.twitter.com/saUH4ulUxU
— WHO? (@WHO18811938) August 10, 2023
Извор: n1info.ba