Денес почина истакнатата актерка Катина Иванова, која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Веста ја споделија и официјално од МНТ, нејзината матична куќа.
Катина е родена во 1951 година. Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година.
На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976).
По дипломирањето, односно од 1979 стана член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави.
Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи.
Снимила десетина филмови и ТВ серии.