УХМР објави мапа: Еве каде има нестабилност и во кој правец се движи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.

Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Последна информација од УХМР:

Голема облачна нестабилна маса Кавадаречко Неготинската територија.Можни појави на пороен дожд проследени со громотевици и правец на движење на облачната маса е од југозапад кон североисток.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде