Утрово дожд на повеќе локации во земјата. Есенски дожд среде август.
На патиштата во земјата нова голема трагедија. Сообраќајна несреќа во која две лица го загубија својот живот.
Во сообраќајната несреќа, која се случила на 500 метри од крстосницата “Камен Дол”, кај Росоман, учествувале три автомобили.
Возилата во моментот се пренасочуваат преку Кавадарци.
Од АМСМ соопштија дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.