Вонредна вест: Се урна авион во Белград

Пилотот загина во пад на мал авион кој денеска околу пладне се урна во Батајница, а како што пренесуваат српските медиуми, на терен се полицијата и пожарникарите.

Како што објавија, авионот полетал од блискиот аеродром „13 Мај“, а набргу потоа паднал во поле.

  • Полета и по 4-5 минути имаше некаков дефект. Тој не можел да го контролира леталото и удрил во блиските полиња со пченка и се запалил – наведува изворот на „Блиц“.

Според првичните индормации, пилотот полетал затоа што сакал да проба нешто во авионот.

  • Во еден момент пријавил дека командите не му функционираат – вели изворот.

Веднаш по несреќата, хеликоптерската единица на МВР на Србија испратила дежурен хеликоптер за пребарување и леталото било лоцирано за помалку од 10 минути.

Во леталото имало само пилот, кој загинал, пишува Танго шест.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде