Eмотивно: Два дена куче го чека газдата пред болница во Прилеп

Се сеќавате ли на познатиот филм Hachi: a dog’s tale, снимен во 2009 година, во главната улога на Ричард Гир и кучето, кое почина на железничка станица чекајќи го да се врати?

Една таква вистинска животна приказна се случува пред болницата во Прилеп.

Кучево е пред болница Прилеп, гласи објавата на Фејсбук, која се споделува а на која никој не може да остане рамнодушен.

Приказната за кучето го разнежни секое срце, а се апелира и да му се помогне.

-Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопствениоот и не јаде. Која е оваа љубов луѓе.

Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна,

бидејќи е мавано со камења за да се тргне од ,,луѓе”, вели меѓудругото и апелира за помош, Славко Дамјановски во својата Фејсбук објава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде