Најнови вести за состојбата на повредените од вчерашната несреќа кај Росоман

Тројца пациенти од сообраќајната несреќа, што вчера утрото се случи во близина на Росоман се однесени во Ургентниот центар на ТОАРИЛУЦ во Скопје, соопштуваат за Канал 5 од Клиниката.

По направените прегледи и дијагностика, една пациентка со сериска фрактура на ребра, свесна, контактибилна во стабилна состојба е примена на Торакална хирусргија.

Пациент со трауматски субарахноидален хематом е примен на Клиниката за неврохирургија, свесен и контактибилен .

Третиот пациент, политрауматизиран со сериозни повреди на повеќе системи, интубиран и на механичка вентилација е на КАРИЛ,

соопштуваат од Клиниката без да наведат повеќе детали за пациентите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде