Само што стресе: Силен земјотрес во Србија, граѓаните во паника

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја потресе Србија околу 18 часот и 50 минути.

Според првите информации, епицентарот бил недалеку од Краљево.

Според податоците на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран кај Баљевац на Ибар. Граѓаните на Врњачка Бања велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.

Од Крушевац јавуваат дека земјотресот го почувствувале на горните катови.

Дури и белграѓани пријавиле дека почувствувале благо тресење.

Засега не се знае дали има материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде