Славчо Попоски најави голема промена на времето

Територијата на Македонија во текот на следната седмица ќе ја зафати најверојатно последниот топлотен Африкански бран за ова лето, и истиот нема да донесе екстремно високи температури како што донесе првиот топлотен Африкански бран.

Температурите за време на овој топол Африкански бран речиси насекаде ќе се искачат до околу 30 степени, додека во најтополите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 37, 38 степени.

Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.  

Исто така повремено во текот на следната седмица ќе има услови за локална краткотрајна и попладневна нестабилност.

Во Скопје за време на овој топлотен Африкански бран температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 34 сатепени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде