Тешка сообраќајна несреќа, шест лица повредени

Вчера (10.08.2023) во 12.10 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Дебар, во близина на бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“,

управувано од Р.Б.(32) од Гостивар и патничко возило „шевролет“, управувано од С.С.(63) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „шевролет“, Е.Џ.,

додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште три сопатници, констатирани во Медицински центар-Гостивар.

По овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде