Трагична вест: Почина Михајло, момчето кое си пукаше во глава во станот на својата девојка

Михајло С.(23) кој во вторникот вечерта си пукал во глава во станот на својата девојка во Борча, почина вчера, објавија белградските медиуми.

Како што дознаваат, тој им подлегнал на повредите во Ургентниот центар откако лекарите се бореле за неговиот живот.

– Те сакам најмногу безусловно до крајот на овој живот, а во следниот повторно ќе се сретнеме – објавила неговата девојка.

Се се случило во станот во кој живее неговата девојка. Откако се расправале, младиот човек зел пиштол и си пукал во глава. Како што рекоа соседите, ова не е првпат младиот човек да предизвикува инциденти.

Рекоа дека полицијата била и претходно, а често се слушале врева и расправии. Според очевидци, пукањето се случило во строгиот центар на Борча, а наеднаш се слушнал истрел.

– Прво мислевме дека се петарди, бидејќи овде често се слушаат петарди и огномети бидејќи има прослави. Сепак, за неколку минути улицата беше полна со полиција и амбулантни возила.

Одекнуваа сирени, народ се собра , сцените беа страшни – вели соговорник за српските медиуми.

Според неговите зборови, младиот човек бил изнесен на носилки, додека девојката врескала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде