ВИДЕО: Најмалку 22 лица се повредени во судир на воз и камион на железнички премин во близина на полското село Далановек

Најмалку 22 лица се повредени во судир на воз и камион на железнички премин во близина на полското село Далановек, во централниот дел на земјата.

Четири лица се хоспитализирани, а едно од нив е во многу тешка состојба и е пренесено со хеликоптер на брза помош, пренесува АП.

Имено, според информациите на полските медиуми, во сударот учествувале воз и камион, а едно лице е тешко повредено.

„Меѓу повредените има осум патници од возот, меѓу кои машиновозачот и раководителот. Во моментот на несреќата во возот имало вкупно 15 лица“, пишува Онет.

Според извештаите, до несреќата дошло кога возачот на камионот се обидел да го помине железничкиот премин кога минувал воз.

Според информациите на медиумите, во тој момент немало форма на контрола на преминот.

На местото на несреќата пристигнаа возила на брза помош, противпожарни екипи, медицински служби и полиција“, објави полскиот портал.

Железничкиот сообраќај во овој дел на Полска е целосно блокиран, а камионот кој учествувал во несреќата е целосно уништен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде