Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на северниот дел на Јапонија,
а соодветните служби јавија дека нема опасност од цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан помеѓу островот Хокаидо и северниот дел на островот Хоншу.
Регистриран е на длабочина од 46 километри под површината на земјата.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.
Потресот бил почувствуван во префектурите Хокаидо, Аомори, Ивате и Акита.