ФОТО: Снимена ајкула на црногорското крајбрежје

Песочна ајкула денеска е видена на црногорското крајбрежје кај Херцег Нови, пренесува српски Курир.

Имено, една туристка која седела со своите деца пред хотелот во Мељина покрај пристаништето снимила ајкула како плива покрај брегот.

Песочна ајкула долга околу метар и половина мирно пливала и кружела по пристаништето на чудење на туристите кои седеле на брегот.

Во црногорските води често може да се забележат песочни ајкули и се релативно чест улов на црногорските ловци, но и на оние кои ловат со мрежи,

но денес нивниот број е значително намален.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде