„Останав сираче поради тебе тато“ – ПОТРЕСНА ПОРАКА се шири на социјалните мрежи по убиството во Босна

На Фејсбук страницата Градачац е објавен текст кој никого не остава рамнодушен, а напишан е како да го напишала ќерката на Низама и Нермин.

„Тато мој, јас бев толку мала, имав само девет месеци кога ми ја нанесе најголемата болка во животот. Зошто го стори тоа тато? Зошто ја уби мајка ми?

Зошто токму пред мои очи тато Бев толку мала што не можев ништо да кажам ниту да ја бранам мајка ми, ме остави да лежам на подот толку беспомошна и да гледам како ја тепаш, ја тепаш до исцрпеност.

Зошто го направи тоа тато? Ми го одзеде најпотребното во животот, ми ја одзеде силата, мирисот, душата, заштитата, ми одзеде се и ме остави сама… да пораснам без мама и без тебе тато“,наведено е во постот.

Како што се додава, Нермин требало да биде заштитник на семејството, а не убиецот на мајката на неговото дете.„Требаше да бидеш со нас, со мене, а не против нас и да ме оставиш сама. Тоа не можеше да ми го направи ни мојот најголем непријател, но ти го направи тоа тато.

Можеше да ме оставиш сама, можеше да ми убиеш мајка можеше да ми го одземеш детството, но тато се надевам дека никогаш во животот нема да запознаам личност како тебе, а особено дека тоа ќе биде мојот сакан.

А кога ќе пораснам веројатно ќе се чудам зошто немам родители како сите деца, ќе се скршам кога ќе го слушнам сето ова… Ќе ги гледам другите деца како мама ги чува, ќеги гледам како тато ги носи на раменици додека тие ја имаат таа мала бебешка насмевка.

Тоа се децата кои тато нема да ги остави сами во шумата и со еден куршум од пиштол ќе им ја убие мама пред нив.

Секој ќе си го има своето детство, а ти тато ми ги одзеде мајка ми и татко ми и моето детство, се ми одзеде… Останав сираче поради тебе тато.Л.М.“, пишува во објавата на Фејсбук.

Нермин Сулејмановиќ вчера ја претепал, а потоа ја убил својата невенчана сопруга која претходно бегала од него и го пријавила за насилство, а сето тоа го пренесувал во живо преку социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде