Бидете подготвени: Ни доаѓа пороен дожд и грмежи

Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер, информира УХМР.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.

Според УХМР, во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе биде во постепен благ пораст.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде