Нов Албанец убиен во Грција: Пронајден е со прострелна рана во тилот

Маж бил пронајден мртов со рана од куршум во задниот дел од главата денеска околу пладне во дворот од куќа во Саламина во близина на Атина.

Според првите информации на грчката полиција, се наведува дека мажот е со албанско потекло, на возраст од 51 година.

Тој бил пронајден кога пријател ги контактирал властите и рекол дека го нашол човекот мртов во дворот од неговата куќа.

Мажот бил жртва на кривично дело бидејќи се здобил со прострелна рана во главата.

Истрагата на ЕЛАС за откривање на сторителот или сторителите е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде