Најмалку четири лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во куќа во предградието на Питсбург во американската сојузна држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.
Нешто пред 10:30 часот по локално време во саботата, итната помош добила повик дека неколку куќи горат поради силна експлозија што се случила во една од куќите.
Пожарникарите пронашле луѓе затрупани под урнатините на местото на несреќата, соопштија официјални лица.
Малку подоцна потврдија дека загинале најмалку четири лица, а тројца се повредени, од кои еден е во критична состојба.
Експлозијата уништи три куќи и оштети најмалку 10.
Екипи од најмалку 18 противпожарни служби работеа на гаснење на пожарот.
Официјалните лица рекоа дека не можат да го утврдат точниот број на исчезнати лица бидејќи не знаеле точно кој бил дома и кој можеби имал гости во моментот на експлозијата.
Причината за експлозијата е под истрага.
UPDATE- at least two homes are completely gone. Other homes are damaged. Two triage areas at least are set up. Over 30 units on scene. No reports of any kind of fatalities as of yet. Neighbors rushing to provide seating, water and shade for first responders. @KDKA pic.twitter.com/elZldg8qmh
— Christopher DeRose (@ChrisDeRoseTV) August 12, 2023