ЦЕМЕНТ СЕ РАЗЛЕТА НА СИТЕ СТРАНИ: Затрупани се возила, цела улица беше бела по експлозијата на цистерна во Белград

Цистерна со цемент експлодирала на улица во српската метропола Белград.

„Во 8 часот и 45 минути се случила експлозија на резервоар за цемент на улицата Сабачка, Ѕвездара.

Повредени нема, но оштетени се возила“, јавува Блиц.

Во тој дел од градот сообраќајот е во прекин.

На видеото што го објави РТС се гледа како целата улица е прекриена со цемент, автомобилите се затрупани со прав, а граѓаните си ги тресат обувките додека минуваат преку цементот.

Во продолжение, погледнете го видеото:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде