На социјалните мрежи се споделува фотографија од поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче како заедно уживаат на море.
На фотографијата Заев и Филипче се во женско друштво.
Локацијата каде одмараат поранешните функционери не е позната.
Исто така и лани на социјалните мрежи се појави фотографија на која поранешниот премиер и министер, одмараа на море, а за локацијата наводно се споменуваше Халкидики.
Не е тајна дека Заев и Филипче приватно се дружат.
Тие изминатите години објавуваа фотографии како заедно со мотори ја шетаат Грција.
Извор: Инфомакс