Познато како ќе се вика фудбалскиот клуб кој Бугарите го купуваат во Македонија

„Јунак“ ќе се вика фудбалскиот клуб што го купуваат Бугарите во Македонија.

Ова го откри Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“, според кој клубот е од Третата македонска лига.

Со ова само се потврдија сомневањата дека Бугари сакаат да влезат во македонскиот фудбал откако не им успеа намерата да го купат ФК „Вардар“, но тој не го откри името за кое вели дека идната сезона ќе биде променето во „Јунак“, пренесе Плусинфо.

„Да, можам да кажам дека веќе имаме тим! Процесот е тежок бидејќи не можам да одам во Македонија, испраќам луѓе кои ги водат преговорите, го фотографираат стадионот, се среќаваат со играчите, управата и тренерот.

Имаме уште една средба следната недела. Законски, следната недела во тимското здружение ќе има наш претставник кој ќе биде директор, а досегашниот директор ќе стане заменик директор.

Работите и чисто законски доцнат, бидејќи екипата е регистрирана како здружение, а не како компанија, но за Втората лига ќе треба да ја регистрираме како фирма“, откри Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“.

Тој не сака да го открие клубот но вели дека се наоѓа близу границата со Бугарија…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде