На железничкиот премин во Шврљиг во Србија се случи сообраќајна несреќа кога воз налетал на Брза помош!
Несреќата се случила вчера околу 17:15 часот на железнички премин на патот од Сврљиг кон село Преконога.
Од полицијата велат дека, според последните информации, железничкиот сообраќај е во прекин.
Состојба на Ј.С. (54) возачот на Брзата помош од Сврљиг во моментов е стабилен, соопштено е синоќа во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
За среќа, несреќата поминала без посериозни последици, иако по судирот со возот на Брзата помош е тешко оштетена,
како што може да се види на фотографиите објавени на социјалните мрежи.
Сообраќајната полиција извршила увид на местото на несреќата и ги утврдува сите околности под кои дошло до несреќата.