Утрово пристигнаа ужасни вести: Најмалку 27 лица загинаа, меѓу кои и три деца во страшната експлозија доцна синоќа на бензинска пумпа во Русија

Во пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан загинале најмалку 27 лица, меѓу кои и три деца, јавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош.

Пожарот, што синоќа избувна во работилница за поправка на автомобили, на работ од автопатот во главниот град на Дагестан, Махачкала, предизвика експлозии што се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија официјални лица.

На видео објавено на Интернет се гледа еднокатна зграда во пламен, јавија британските медиуми.

-Овде е како во војна, изјави сведок на настанот.

Бројот на повредени е зголемен на 66, од кои 10 се во критична состојба, јавија руските медиуми, повикувајќи се на рускиот заменик министер за здравство Владимир Фисенко.

Тринаесет од ранетите се деца, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на дагестанското Министерство за здравство.

На пожарникарите им требаа повеќе од 3,5 часа да го изгаснат пожарот, што се прошири на површина од 600 квадратни метри, јави Тасс, повикувајќи се на соопштение на руската служба за вонредни состојби.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде