Фатон Ахмети поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравство.
Тој порача дека ќе продолжи со својот ангажман фокусирајќи се на партиските обврски, со максимална посветеност во остварувањето на визијата на Али Ахмети.
– Секоја задача има свој почеток и крај. Денеска ве известувам дека поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување, вели тој.
Тој се заблагодари за поддршката и плодната соработка.
– Ќе ја продолжам мојата определба фокусирајќи се на партиските обврски, со максимална посветеност за реализирање на визијата на Али Ахмети!
Ахмети во јавноста ќе биде запамтен дека беше на пшатување во САД додека настана проблемот со податоците на фондот, што доведе до тоа медицинските работници,
како и граѓаните кои се на боледување да не земат навреме приходи, а се доведе во прашање и безбедноста на податоците на граѓаните, напиша тој на Фејсбук.