Метео анализа на Славчо Попоски.
Судејќи барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, во текот на есента на балканот доаѓаат нови временски непогоди и поплави.
Можни се дури слични катастрофални поплави кои неодамна ја зафатија Словенија, каде имаше и човечки жртви.
Од оваа временска непогода ќе биде погоден целиот регион, па и Македонија, каде се очекуваат почести и поинтензивни врнежи.
Како што ќе навлегуваме во есента се подлабоко и подлабоко, исто така ќе растат и условите за се почести врнежи од снег во Алпскиот регион, па и на највисоките планини на балканот.
Апелираме властите во регионот и во Македонија навремено да се поодготват за евентуални вакви силни временски непогоди кои ги најавуваме за претстојната есен.