„ОВА Е ОНА, КОГА НЕШТО ЌЕ БАТАЛИШ“: Се огласи Груевски и распали против власта

Шест години погром во снабдувањето на нова медицинска опрема и апарати во делот на здравството: фактите говорат

Во 2013 година за капитални инвестиции во буџетот за здравство биле предвидени 41 милион евра од кој во купување нова медицинска опрема и апарати биле вложени 25 милиони евра.

Во оваа 2023 година само 8,6 милиони евра се предвидени за капитални инвестиции од кои само 2,6 милиони евра се за опрема и апарати.

Во различни години износите и споредбите се различни но речиси нема година каде овие пари не се барем за неколкукратно помалку инвестиции во времето на оваа власт споредено со времето кога ја предводев владата.

Ние кои бевме обвинувани за “непродуктивни” инвестиции во проекти од национално културно, историско и туристичко значење, инвестиравме неколкукратно повеќе буџетски средства во здравствена грижа, споредено со оваа власт.

Ако некој не следи многу кои се разликите во пристапот на владите во здравството сега и тогаш а не сака да чита и проучува многу, ова му е доволно за да добие првична престава за не грижата за здравјето на граѓаните од страна на власта.

Во капитални инвестиции се всушност парите за развој и напредок или во најмала рака за одржување на постоечкиот ниво: медицинска опрема и апарати, градби и реконструкции на објекти во здравството како болници, клиники, амбуланти и сл, обуки на лекари и медицински персонал и инвестиции во превентивното здравство, она кое спречува заболувања).

Сличен е соодносот и во другите капитални инвестиции во здравството.

Во 2013 година за градба и реконструкција на болници и клиники се вложиле 12 милиони евра, а годинава се предвидени и којзнае дали ќе се вложат сите 5.9 милиони евра.

За амбулантни возила таа година се вложиле 2,5 милиони евра а годинава таков “луксуз” воопшто не е предвиден, поточно предвидените пари за нови возила на брза помош се 0 ( и со зборови: нула).

Милионите евра тогаш и денес не се исти. Тогашните 41 милиони евра инвестирани за капитални инвестиции во здравството со инфлацијата зад нас во светски размери е еквивалент како 55-60 милиони евра денес. А 25 милион евра во медицинска опрема и апарати тогаш, со растот на цените во последната деценија е како 35-38 милиони евра денес.

И обратно: 8,6 милиони евра во капитални инвестиции во здравството денес, е отприлика како 6 милиони евра тогаш. И 2,6 милиони евра за медицинска опрема и апарати денес е нешто како 1,5 милиони евра пред десет години.

Константа е уште од првата година на мандатот на владата која ја предводев да имаме многу поголема грижа за граѓаните во делот на здравството, здравјето и животот, и буџетите секогаш беа многу поголеми. Некои години повеќе, некои помалку но ваков погром во овој сектор никогаш немало.

Единствено кога се под притисок да ги зголемат платите во здравството, под притисок качуваат плати во здравството во ситуација на големо покачување на цените, за да купат каков-таков мир, додека парите за опрема, градби, реконструкции, обуки, превентива одат за многукратно поскапи лекови кај неколку луѓе, од кои сосема јасно е дека некој има лична корист.

Никогаш не сум тврдел дека во тие години немало проблеми и слабости во здравството, но ова е многу повеќе од тоа: ова е она кога нешто ќе “баталиш”.

Интересно е што и претходно, пред 2006 година, секогаш кога СДСМ беше на власт здравството и особено капиталните инвестиции биле екстремно ниски, слични на сегашните. Ова значи, дека не е проблемот до сегашниот или претходниот или некој министер за здравство, туку пристапот и посветеноста на една цела политичка гарнитура во однос на здравството, но пред се во однос на народот за кого постои тоа здравство.

Незнам дали луѓето во власта кои ги носат одлуките не помислуваат дека оваа негрижа некој ден може и ним лично или ним блиски да ги погоди.

Како не помислуваат дека 90% од населението нема доволно пари и заштеди за лечење во приватното здравство.

И дека секој човек кој работи во Македонија или пензионер, одвојува од месечната заработка пари за здравствено осигурување за да некогаш кога ќе има потреба да добие грижа и услуга која е барем на минимално цивилизирано ниво?!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде