Страотна сообраќајка: „Ауди“ излета од пат, млада девојка тешко повредена

26-годишна жена е потешко повредена, а уште две лица полесно во сообраќајка на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар.

– На 16.08.2023 во 04.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на с.Видрани, Т.Б.С.(26) од с.Другово, кичевско,

управувајќи патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала од коловозот.

Со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Општата болница во Кичево,

додека со телесни повреди се здобиле сопатниците В.В.(19) и С.С.(34), двајцата од Кичево, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде