Луѓето во паника ги напуштаат домовите: Силен земјотрес со јачина од  6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Богота

Силен земјотрес ja погоди Богота во Колумбија, а граѓаните исплашени бегаа на улица. 

Станува збор за потрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти тамошната геолошка служба. 

Земјотресот доведе до евакуација на канцелариите и рестораните, јавува Ројтерс.

Неколку минути подоцна следеше нов земјотрес.

Силен земјотрес неодамна имаше во Турција и таму луѓето во паника избегаа надвор, затоа што во февруари годинава ги погоди силен земјотрес кој уби над 50.000 луѓе. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде