Најнова вест: Ќе се формира нова политичка партија, на чело ќе биде партнерката на познатиот градоначалник

Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари, Фатима Османовска, која е и партнерка на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, ќе основа партија, објави Фокус.

Потписите се веќе собрани, а партијата ќе го носи името Унија на Роми.

За регистрација на партија се потребни 1.000 потписи, а Османовска на Фејсбук сподели дека 1.800 граѓани дале поддршка и се потпишале за партијата која ќе се вика Унија на Роми.

Неофицијално, претседателка на партијата ќе биде Османовска, а барањето за регистрација е веќе поднесено до Граѓанскиот суд и се чека повратен одговор.

Водени од идејата дека обединети, гласни и соодветно претставувани, може да ја постигнеме политичката застапеност која ја заслужуваме како заедница.

Имајќи ја таа политичка застапеност преку нашето обединување во УНИЈА НА РОМИ ќе постигнеме и напредок на заедницата и унапреден квалитет на живот, не само на ромската заедница, туку на сите малцински заедници и заедници кои не ги уживаат целосно своите права.

Наскоро, по официјалната регистрација, заедницата ќе биде поканета на заедничко стратешко и идеолошко планирање. Благодарност до сите 1.800 поддржувачи, кои се уште веруваат во позитивни промени, порача Османовска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде