Ќерката на мексиканскиот пејач Луис Анхел, Марија Фернанда Роблес, се удавила во популарното летувалиште Мазатлан, пишува „Њујорк пост“.
Тажната вест ја соопшти ожалостениот Луис.
– Морам да го објавам заминувањето на ќерка ми Марија Фернанда. Тоа е најголемата болка што човек може да ја почувствува. Ги ценам сите пораки за поддршка и љубов што ги добив.
Ве молам за разбирање на оваа болка што ја чувствувам и ја ценам вашата емпатија – напишал мексиканскиот пејач и побарал приватност во вакви тешки моменти.
Како што пренесоа странските медиуми, поќерката на Луис Анхел се удавила во понеделникот во 4 часот и 40 минути, во текот на ноќно капење, во популарното одморалиште во државата Синалоа.
Се наведува дека во тој момент била во алкохолизирана состојба.
Мештаните кои се нашле на таа плажа го забележале телото како лебди по водата и веднаш повикале полиција и брза помош.
Пријателката на Марија, која исто така се капела таа вечер, се вели дека за влакно ја избегнала несреќата.
Инаку, Марија Фернандо Роблс на социјалната мрежа Инстаграм ја следеа повеќе од 30.000 луѓе, а во последната објава објави фотографија во бикини.
– Слободна и дива – напишала трагично настраданата Марија.