Премиерот Ковачевски распали: Во Собранието има пратеник од УДБА, кариера изградил за државата да не биде во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски, без да каже име, обвини пратеник од Собранието дека бил дел од југословенска тајна разузнавачка служба и полиција УДБА, а кој не сака да ја види Македонија како дел од Европската Унија.

Тој рече дека само младите политичари може да ја однесат државата кон прозападниот свет.

„Мене не ме зачудува кога ќе видам 80-годишни политичари во нашата држава и во соседните, кои уште го застапуваат тој концепт да не се градат коридори и да има кавга меѓу државите.

Зошто? Тие така ја изградиле кариерата. Ние сè уште имаме пратеник во Собранието кој доаѓа од редовите на УДБА. Какви ставови сакате да има?

Да ја види државата во ЕУ? А бе тој кариера изградил за државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи.

И вие од него очекувате да ја носи државата во ЕУ? Тоа не може. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари ,кои виделе што сакаат новите генерации“, рече Ковачевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде