По само три месеци од смртта на кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, почина и неговиот син, Илми Мустафов.
Познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов беше и член на групата „Огнени Момчиња“.
Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група, а дел со неговиот познат татко Ферус Мустафов.
Преку социјалните медиуми од него се простуваат многу музичари и негови блиски луѓе, меѓу кои и Сузана Гавазова.
Илми Мустафов,синот од нашата легенда и крал на саксафон Ферус Мустафов почина синоќа,😭си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустосшени срца,болка и тага.
Настапувавме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со Огнени момчинја и Илјми..беше се нормално,никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи,само во еден момент видов како Илјми плаче,
но искоментиравме со колегите дека плаче поради раната смрт на неговиот татко,но ти Илми си замина прерано. Ќе ни недостигаш многу. Почивај во мир пријателе.