Кои се двајцата пратеници од власта кои не гласаа за дневниот ред?

Процедурата за уставни измени во Собранието почна со големи проблеми за СДСМ откако двајца пратеници од пратеничката група на оваа партија не гласаа за дневниот ред на седницата за уставните измени.

Од вкупно 119 пратеници 47 гласале против дневниот ред а 70 гласале за.

Меѓу пратениците на СДСМ двајца не гласале за.

Како што објави Експрес.мк едниот е Илија Николовски (роден на 6 јули 1948 година во село Панчарево, Беровско) — македонски генерал-мајор на АРМ, во пензија.

Николовски е претседател на вонпарламентарната Партија на обединети пензионери и граѓани на РМ, претседател на воените ветерани и резервисти.

Тој бил присутен во салата но не гласал за предлогот за дневен ред на кој се уставните измени.

Вториот пратеник на СДСМ воопшто не се појави во салата е Диме Велковски иако од рано утринава врвот на СДСМ го бараше ,,под дрво и под камен”, додаваат од Експрес.

Исто така, за дневниот ред не гласаше и Фадиљ Зендели од Беса.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде