Најнова вест: Попладне е можна појава на пороен дожд, еве во кои делови од Македонија

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне претежно во западните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. UV=8

Утринските температури ќе се движат од 14 до 23 степени, а дневните во интервал од 29 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 37 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу топло. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе надминува 35 степени.

Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има денес претежно во западните делови во попладневните часови и утре од средината на денот.

Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде