По веста за неговото исчезнување, беше објавено дека тој починал.
Познатиот рапер Јанг Капоне почина на 35-годишна возраст, пренесува Deadline.
Тажната вест ја потврдила негова соработничка, а причината за смртта се уште не е позната.
„Со тешко срце го објавувам ова. Капоне или Допбој Ра или Рара беше еден од моите први хип-хоп/рап клиенти и не ми се верува на веста што штотуку ја добив за неговото неочекувано заминување!
Пријател… клиент и едноставно огромен човек во Источна Атланта.
Ова воопшто не е лесно. Почивај во мир“, напиша на Инстаграм неговата публицистка Алиша Картер.