20-годишник од Скопје кој живее во Швајцарија вчера вечер на автопатот Скопје-Куманово со
автомобил удрил и усмртил 54-годишен жител на селото пчиња, го оставил возилото и побегнал.
Жртвата починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар на Итната помош.
Еден час по несреќата, возачот отишол во Општата болница во Куманово каде што му биле констатирани повреди.