Фејсбук статус на Сашо Тасевски:
Ташнаревиќ веќе шета низ Скопје, бара пратеници што ќе гласаат да влезат Бугарите во Уставот, коментира актерот Сашо Тасевски.
Замислете да сте пратеник и Ташнаревиќ ви бара глас.Какво искушение!Оти за една секунда може да станете милионер.
Само кажеш цифра… Два, три, пет..Ќе добиеш.Ташнаревиќ нема да штеди, оти на сите што го пратиле им гори под нозе.
И на странци и на домашни.Кој ќе одолее на предизвикот, драги гледачи.Или нема да одолее.Тешко е да му се одолее на шармот на Ташнаревиќ.
Ќе видиме брзо.Каков чин на чесност и патриотизам би бил ако некој пратеник излезе јавно и каже:
Беше Ташнаревиќ кај мене, ама го откачив, пишува тој.