Утрово хаос на ГП Богородица: Тепачка меѓу Македонци и Срби

Цело лето на граничниот премин Богородица кон Грција има долги колони возила, посебно во викенд деновите, но утринава е забележана досега невидена гужва, објави Фактор.

Луѓето со часови стојат во место, а нервозата е се поголема.

-Тука сме повеќе од три часа. Сега бевме сведоци и на физичка пресметка. Освен возила има и многу автобуси.

Повеќето од возилата се обидуваат да се приклучат токму меѓу нив, но овој пат трпението изгледа им беше на крај. Двајца Македонци и еден Србин буквално се истепаа.

Не знам до кога вака ќе се чека. Во меѓузоната е неиздржлово. Кола до кола, се поместуваме едвај по метар, два, вели соговорникот на Фактор.

Обично, од 20. август има нова тура туристи, заради што денеска гужвата е и значително поголеми и секако времето на чекање на граница се брои во часови.

Извор: Фактор

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде